slide001.jpg

Најнови информации

  • Среда, 20 Февруари 2019

    Љубовна чајанка

    Традиционалната манифестација „Љубовна чајанка“ и годинава се одржа во нашето училиште на ден 18.02.2019 година.

    Во чест на љубовта нашите ученици рецитираа стихови на различни јазици во кои беше претставена љубовта меѓу Татјана и Онегин,меѓу Жозефина и Наполеон ,како и поеми од Шекспир и Бајрон .

    Беа доделени и наградите од литературниот конкурс распишан за деветтодделенците на тема „Се што ни треба е љубов“.Учениците можеа да пишуваат творби на македонски, англиски, германски, француски и руски јазик.

    На нашите ученици им благодариме за учеството, на учениците од деветтите одделенија и нивните ментори за учеството на конкурсот и посетата на манифестацијата!

  • Петок, 04 Јануари 2019

    Интеркултурна размена во Троген

    Осум ученици од ОСУ„Јовче Тесличков“заедно со професорот Љубенчо Ристов,во периодот од 5-19 декември,2018,учествуваа во интеркултурна размена во Троген, Швајцарија, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation).

    За време на размената преку интензивна и интерактивна обука учесниците имаа можност да ги надоградат своите знаења првенствено во областа на антидискриминација, но и детски права и интеркултурна комуникација. Групата од Македонија имаше можност да разменува искуства со врсници од Молдавија.

    Покрај секојдневните интерактивни активности, учениците имаа можност да посетат и повеќе знаменитости од преубавата Швајцарија како Цирих ,Луцерн,Сент Гален, природно-научниот музеј и врвот Сантис на Алпите.

  • Вторник, 20 Ноември 2018

    58-ми патронен празник

    По повод 58-миот патронен празник на нашето училиште „ОСУ Јовче Тесличков“,на 14 октомври со почеток од 18.00 часот беше оддржана свечена манифестација во просториите на салата Бели Мугри.

    Свечената приредба по повод патрониот празник на ОСУ„Јовче Тесличков“Велес,се одржа во преполната сала„Бели мугри“Присутните уживаа во поетскиот перформанс„Молитвење“и во театарската претстава „Младост-лудост“.

    Со своите рецитаторски и актерски способности се претставија околу 18 ученици од прва до четврта година,менторирани од професорите по македонски јазик и литература во нашето училиште.

    Целата манифестација беше подготвена и организирана од страна професорите по македонски јазик и тоа професорката Жаклина Зафирчева, професорката Елизабета Циунова и професорот Марјан Пракицов.       

    Честитки и големо браво за сите!!!

     

  • Вторник, 31 Јули 2018

    Европски натпревар на ученички компании

    Во периодот од 16-19 јули 2018 во Белград, Р. Србија се одржа Европски натпревар на ученички компании во организација на Junior Achievement Europe, на кој учество земаа 37 земји. За првпат оваа година учествуваше и Република Македонија со ученичката компанија „УникаСпера“ основана од пет ученици и тројца наставници-ментори при ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес.

  • Понеделник, 21 Мај 2018

    Национален натпревар на најдобри ученички компании во Скопје

    Ученичката компанија „Уника Спера” од Средното училиште “Јовче Тесличков” од Велес го освои првото место на националниот натпревар во ученички компании кој се одржа на 18 мај во Скопје, учениците понудија производ кој содржи бројки и математички операции, наменет за стекнување и подобрување на математички вештини. Рингобит е ротирачки, eco-friendly производ кој нуди метод на едукација кој ќе има значително влијание во математичкото образование на децата, намалувајќи ги потешкотиите во учење кај децата со посебни потреби, деца од предучилишна и училишна возраст. Боите на броевите, црвена, жолта и сина, се избрани со цел полесно распознавање од страна на корисникот, додека пак 3Д формата ќе овозможи препознавање со допир.

 

                                   

ПРЕБАРУВАЧ

СТАТИСТИКА

Имаме присутни 27 гости и нема членови

За ОСУ „Јовче Тесличков“

ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес егзистира од 1956/57 година во склоп на гимназијата Кочо Рацин а од 01.09.1960 година е самостојно економско училиште. Покрај другите средни училишта во градот Велес успешно работи извршувајки ја својата воспитно-образовна дејност со децении.

Контакт информации

Улица: Кукушка бр. 37, 1400 Велес, Македонија
Телефон: +389 43 231 098
Факс: +389 43 231 098
Е-пошта: usojtv@yahoo.com